Достапни линкови

Тројца од ранетите во Малме им подлегнале на повредите


Илустрација

Тројца од шестмината кои синоќа беа повредени во оружениот инцидент во Малме им подлегнале на повредите, пренесоа западните информативни агенции.

Другите тројца се хоспитализирани, а еден од нив се наоѓа во критична состојба.

Според сведоците на кои се повикуваат агенциите, непознат напаѓач отворил оган врз луѓето кои излегувале од интернет-кафе.

Полицијата соопшти дека се испукани десетина куршуми и дека се трага по црно возило.

XS
SM
MD
LG