Достапни линкови

Утре ратификација на Договорот, демонстрантите се повлекоа од пред Собранието


Собранието утре ќе го ратификува договорот со Грција, објави МИА, повикувајќи се на потврдата што ја добиле од пратеници од владејачкото мнозинство.

Предлог-законот за ратификација на договорот, денеска во 15 часот треба да биде разгледан во Комисијата за европски прашања, а петнаесет минути подоцна треба да биде одржана седница и на Законодавно-правната комисија.

Пратениците денеска со 69 гласа „за“ и 40 „против“ ја изгласаа потребата за донесување на Предлог-законот за ратификација на договорот за името со Грција.

Против гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои ја напуштија седницата и најавија дека нема да учествуваат во носење на Предлог-законот за ратификацијата на договорот.

Дел од граѓаните, кои учествуваа во протестите против Договорот се разотидоа откако не беа примени на разговори во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а дел се повлекоа во паркот Жена борец спроти Парламентот.

XS
SM
MD
LG