Достапни линкови

Говорот на омраза и лажните вести провоцираат насилство


По тензичните протести поради потпишувањето на договорот за името, социјалните мрежи и медиуми беа преплавени со говор на омраза и лажни вести, што според упатените провоцира насилство и практикување на истото на улиците.

„Ако се потсетиме дури и насилствата во Собрание на 27 април во минатата година токму произлегоа како последица на говорот на омраза и повиците на насилство кои се ширеа во јавноста“, додава таа.Со потпишувањето на договорот за името протестите пред Собранието кои беа мирни станаа тензични. Демонстрантите се судрија со полицијата, а беа фрлени и солзавци. Тоа дополнително ги зовре страстите пред се на социјалните мрежи кои беа преплавени со говор на омраза, како и лажни вести кои беа присутни и во некои медиуми. Се ширеа фотографии со наводно повредени демонстранти за подгревање на ситуацијата.

За жал ризикот кој тие го предизвикуваат за спроведување на дела на насилство е се поголем, вели Елена Брмебска од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Тие забележале дека се користи говор на омраза врз различна основа, етничка и национална.

„Токму тоа и сме сведоци дека често пати говорот на омраза е главниот виновник за провоцирањето на насилството и практикувањето на истото на улиците понатаму. За жал во текот на вчерашниот ден голем број на лажни вести исто така се проширија на медиумите кои се особено опасни бидејќи тие исто така ги подгреваат тензиите. Значи создаваат една лажна слика кај граѓаните и го нарушуваат нивното право на примање на објективни и непристрасни информации од јавноста што понатаму се разбира ги зацврстува предрасудите и ја шири омразата уште повеќе“, вели Брмбеска.

Од Советот за етика на медиумите реагираа дека загрижува фактот што се забележуваат случаи на известување кои содржат повици за мобилизација на граѓаните во одбрана на одредени интереси, кои неретко се пренесувани и од социјалните мрежи.

„Потсетуваме дека медиумите не смеат да бидат злоупотребени за пренесување повици за обединување поединци и групи за радикално однесување и постапки кои го загрозуваат јавниот ред и мир во општеството, а особено на член 10 од Кодексот кој вели дека „новинарот нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа“. Медиумите мора да го почитуваат Етичкиот кодекс, бидејќи во спротивно последиците од непридржувањето кон неговите одредби би можеле да бидат фатални“, соопштија од Советот за етика.

Според Брмбеска, граѓаните треба да се воздржат од ширењето на лажни вести и говор на омраза, како и двојно да се проверуваат сите информации во јавноста.

„Ако се потсетиме дури и насилствата во Собрание на 27 април во минатата година токму произлегоа како последица на говорот на омраза и повиците на насилство кои се ширеа во јавноста“, додава Брмбеска.

Од Хелсиншкиот комитет порачуваат дека е особено важно и политичките лидери и важните субјекти во земјата да го осудат говорот на омраза.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG