Достапни линкови

Договорот за името и протестите ги вжештија социјалните мрежи


Главни теми за коментирање на нашите читатели се договорот за името што беше потпишан во Преспа и насилните протести против промената на името.

Ете и тоа бидна. Се потпиша Договорот за името со Грција, противниците и опозицијата и таму и кај нас се судрија со полицијата, овие нашиве демонстранти го нападнаа полицискиот кордон пред Собранието на Македонија, повредени се седуммина полицајци, потоа е употребен солзавец и масата е растерана.

На нашата ФБ страница за ништо друго нема постови освен за главните настани во неделата на Преспа и во Скопје.

„Поместивме планини“
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:41 0:00

Во најголем дел од коментарите се напаѓа македонската полиција дека „со оклопни возила против мирна раја која си го брани името“ – како што постирал Каме Каме Арсовски. За Динка Јованова ова било „диктатурата на ЕУ донесена од СДС. Ваков режим немало досега“, а за Лаци Македонски Чиче „фашисти се на власт“.

Најголем дел од коментарите содржат вулгарни пцовки, тешки клетви против премиерот Заев и неговиот грчки колега Ципрас, говор на омраза против Грци, Албанци и „предавниците“ македонски, па не се за цитирање, но има и поинакви.

Немири пред Собрание
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:47 0:00

Гоца Тошева постирала: „Што да се каже. Брука се. Наместо да сакаат да сме дел од таа Европа, им одговара да сме 100 години назад. Испрани мозоци“. Вики Раденлиева прашува „ова ли е вмровскиот патриотизам“, а Владо Вики Радески забележува: „Овој народ уште има чипови во главата останати од поглаварот Никола... Кога Грците се излезени на бунт, треба да ви е јасно дека ние со договорот сме во ќар, а тие во зијан. Задржан ни е идентитетот и јазикот, не ми е јасно што сакате?“ „По знамињата и културата се гледа дека се за во 1900 година. Не ми се верува до кој степен се забегани“, коментира потпишан со Шарам Барам. Маре Ванчевска го забележала „русофилот Јанко Бачев истопорен на возило на МВР. Срамота! Мавта со руско знаме!“ Идает Селмани извикува: „Зоран Заев е херој, морони едни! Го зачува идентитетот и јазикот. Бевме Југославија, 11 години ја цедевте Македонија, сега трпете... Ем сакате бугарски пасоши ем ја сакате Македонија. И плус, јас не одам како вас на продолжен идмор во Грција! Шест и пол илјади луѓе од Македонија на продолжен викенд во држава што ви го смени името“. Девљан Дураковиќ постирал: „Не ни одговара придавки, а ни одговара бугарски пасоши. Мислам дека е попредавнички да возиш автомобил со бугарски таблици, одошто конечно решение со некои мали измени“. Лиле Темелковска колне „да им се сотре коренот на сите предавници што ја предадоа Македонија“, а Лаки Ламалари ѝ одговара: „Токму така. Македонија беше продадена и крадена од ВМРО-ДуПеМНЕ. Сега заедно во ЕУ и НАТО“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG