Достапни линкови

И вечерва протести против Договорот за името


Протест пред Собранието на РМ

Пред зградата на Собранието на Република Македонија и вечерва се собираат граѓани на протест против Договорот за името, што вчера беше потпишан од премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас. Насобраните извикуваат „Макдонија“, „Едно име имаме“ и му изразуваат поддршка на претседателот на државата Ѓорге Иванов. Булеварот пред Собранието е блокиран, а околу зградата на парламентот е распоредена полиција.

Синоќа, како што соопшти Министерството за внатрешни работи на како што се вели, насилните протести пред Собранието биле повредени 17 лица, од кои 10 полицајци, а биле приведени 26 лица. Според соопштението на МВР, „приведените 26 лица кои се однесувале насилно, ја туркале заштитната ограда, фрлале камења и пиротехнички средства кон Собранието и полицискиот кордон и се обиделе насилно да влезат во Собранието“.

XS
SM
MD
LG