Достапни линкови

Пацоли: извештај на ЕК за напредокот на Косово до крајот на јуни


Беџет Пацоли

Косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Беџет Пацоли најави дека извештајот на Европската комисија за напредокот на Косово во правец на визна либерализација ќе биде објавен на 28-ми овој месец, јавува МИА. Шефот на косовската дипломатија претходно изјави дека е „убеден оти овој извештај ќе биде позитивен за Косово“.

Заедно со извештајот, се очекува да биде објавен и приближниот датум од кога граѓаните на Косово ќе можат да патуваат без визи во зоната на Шенген.

Повеќе косовски политичари најавуваат дека тоа ќе се случи до крајот на годинава, или, евентуално, во првите месеци од идната година.

XS
SM
MD
LG