Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ смета дека синоќешните настани се сценарио на власта


Зоран Заев на најподмолен начин посакува и создава насилство во државата. Капитулацијата што ја потпиша тој сака да ја покрие со сценарио во кое ќе вовлече недолжни граѓани во насилство и потоа ќе ги обвини дека ја рушат државата, изјави на денешната прес конференција Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев посакува нов 27-ми април за да може подоцна себе си да се прогласи прво за жртва, па потоа за наводен спасител и за тоа на крај да го обвини ВМРО-ДПМНЕ. Тој посакува сите кои што се противат на неговото капитулантско дело, огромното мнозинство, чесни граѓани да ги означи за радикални елементи, екстремисти и насилници, иако овие луѓе тоа не се, рече Димовски. Преку насилство сака да се задржи на власт.

Настаните вчера пред Собранието на Република Македонија беа дел од свесно и смислено сценарио исклучиво на власта, додаде Димовски. Таа свесно предизвика нереди, инциденти и потоа уште еднаш ја злоупотреби македонската полиција. Колатерална штета се недолжни граѓани, возрасни луѓе, новинари, жени, за жал и мали деца.

Целта е граѓаните да се дисциплинираат, исплашат и дистанцираат. Зоран Заев да се прикаже за конструктивен фактор, додека сите други кои се противат на неговото капитулантско дело, за радикален елемент.

ВМРО-ДПМНЕ сакаат свесно да ја вовлечат во ова сценарио, за да потоа ја оцрнат и прикажат за радикален елемент, за да може пред меѓународната и домашна јавност да ја деградираат во борбата против капитулантското дело за промена на уставното име на Република Македонија од страна на Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ порачува дека власта е одамна прочитана. Ова нема да помине. Апелираме народот да не потпаѓа на провокациите кои ги прават инсталациите на власта и да не бидат злоупотребувани во нивните дневно- политички цели, беше речено на прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG