Достапни линкови

Уапсен возачот кој со комби усмрти еден, а повреди тројца на концерт во Холандија


Возачот, кој со комби ноќеска влета во голема група посетители на концерт во Холандија, при што едно лице загинало, а тројца биле повредени, ѝ се предал на полицијата, јавија западните новински агенции.

Полицијата соопшти дека возачот избегал од местото на настанот во градот Ландграф, по што почнала полициска потрага по него.

34-годишниот Холанѓанец, со комбито за испорака бегал од полицијата до Амстердам, каде им се предал на властите.

Обвинителката задолжена за случајот соопштила дека осомничениот е во притвор и се испитуваат причините за настанот.

XS
SM
MD
LG