Достапни линкови

Коѕијас: Неа демократиа е како огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Атина


Бранејќи го вчера потпишаниот Договор за името со Македонија, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, во интервју за грчкото радио „Алфа989“, изјави дека Грција се стремела кон три работи - да се смени името за да се разграничи од грчката Македонија, да биде ерга омнес и да се направат уставни промени.

Коѕијас во интервјуто ја критикуваше опозициската Неа демократиа, го повтори неговиот став дека опозициските партии и во двете земји имаат идентични позиции и додаде дека „Неа демократиа функционира како партиски огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Атина“.

XS
SM
MD
LG