Достапни линкови

Македонија за ЕУ ќе биде ПЈРМ се додека целосно не се спроведе Договорот за името


Маја Коцијанчич

„Сѐ додека не е целосно имплементиран договорот постигнат помеѓу Грција и Македонија за спорот со името, Европската Унија ќе продолжи да ја нарекува земјата според привременото име“, изјави денеска портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич.

„Договорот е постигнат, но остануваат одреден број чекори кои треба да се преземат за да биде комплетиран, за официјална комуникација ќе продолжиме да ја нарекуваме Поранешна југословенска Република Македонија, како што е случај во нашите соопштенија досега“, изјави Коцијанчич.

XS
SM
MD
LG