Достапни линкови

Владата и „Хеленик петролеум“ ќе преговараат за нафтоводот кон Грција


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев

Вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска соопшти дека грчкиот нафтен гигант „Хеленик петролеум“ иницирал, а Владата ќе прифати средба и ќе преговара за нафтоводот кон Грција.

„Преговорите не се почнати, но ќе почнат и за тоа јавноста ќе биде информирана. Нема да бегаме од никаков разговор, ниту од проблемите кои се наследени, мора да ги прифатиме и да ги решаваме“, изјави вицепремиерот.

Во врска со гасоводот кон Грција информира дека најверојатно активностите ќе почнат и конкретно да се реализираат во втората половина на 2019 година. Веќе постои меморандум за разбирање и тој, како што рече Анѓушев, треба да почне да се реализира.

XS
SM
MD
LG