Достапни линкови

Манчевски: Отворени податоци, поголема транспарентност


Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски

Податоците од државните институции треба да бидат отворени и достапни до граѓаните со што ќе се зголеми транспаретноста, отчетноста и довербата во институциите, се наведува во двегодишната Стратегија за отворени податоци 2018 - 2020, што беше презентирана денеска во Скопје.

„За да се постигне тоа потребно е да се подигне свеста и кај институциите и кај граѓаните за објавувањето и користењето на податоците и да се работи на зајакнување на капацитетите во институциите за да може податоците да бидат објавувани во реално време“, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на презентацијата на Стратегијата.

XS
SM
MD
LG