Достапни линкови

„Независни Грци“ останаа без уште еден член поради договорот со Македонија


Лидерот на Независни Грци и министер за одбрана, Панос Каменос

За помалку од 12 часа, коалициониот партнер во грчката Влада, Независни Грци остана без двајца членови. Откако Димитрис Каменос вчера ја поддржа иницијативата на Нова демократија за недоверба на Владата и беше избришан од партијата, денеска и неодамнешната портпаролка Магдалена Пападопулу соопшти дека си заминува.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Магдалена Пападопулу, која од позицијата портпарол на Независни Грци пред пет дена беше поставена за одговорна за координација во партијата во пресрет на изборите, преку нејзиниот „Фејсбук“ профил пред потпишувањето на договорот во Преспа, објави дека си заминува од „Независни Грци“.

„Мојата совест ми наметнува да се повлечам од активната политика и да си се вратам дома. Одвратниот договор што произлезе од криминалните политики во минатото не треба да се потпише од министерот за надворешни работи и од никој друг“, напиша Пападопулу на Фејсбук.

XS
SM
MD
LG