Достапни линкови

Бомбашки напад во Авганистан, намалку 10 загинати


Авганистански безбедносни сили по нападот.

Најмалку 10 луѓе загинаа денеска во самоубиствениот бомбашки напад во близина на канцеларијата на гувернерот во источната авганистанска провинција Нангархар, соопштија тамошните власти. При нападот се повредени најмалку 30 луѓе. Нападот се случил во главниот град на провинцијата, Џалалабад. Засега никој не презеде одговорноста за бомбашкиот напад.

Во сличен напад во Нангархар на 16 јуни загинаа 36 луѓе. Одговорност за овој напад ја презеде групата Исламска држава.

Авганистанските талибанци ја отфрлија можноста за продолжување на прекинот на огнот со авганистанските безбедносни сили. Тридневниот одмор и крајот на примирјето завршија на 17 јуни.

XS
SM
MD
LG