Достапни линкови

Реакции по потпишувањето на договорот за името


Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас го прославуваат потпишувањето на договорот за името.

Постигнатиот договор меѓу Република Македонија и Република Грција по однос на прашањето за името е компромисно решение, со отстапки на кои мораа да се согласат и двете страни, но Македонија нема развојна парспектива надвор од Европската унија и членството во НАТО, оцени денеска во Охрид претседателот на Македонската академија на науки и уметности(МАНУ) Таки Фити.

За МАНУ и за сите граѓани на Македонија особено значајно беше да се зачуваат идентитетските прашања. Македонскиот јазик, националноста, нашата култура и традиции и фактот што Грците ја признаваат нашата посебност, посебноста на македонскиот јазик како дел од групата јужнословенски јазици, сметам дека е добро“, изјави Фити.

Кумуцакос критикува

Остри критики до коалициониот партнер во грчката Влада, Панос Каменос упати одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, Јоргос Кумуцакос во врска со потпишаниот договор за името.

Во Преспа се потпиша политичкиот крај на политичарот што даде сѐ, ама баш сѐ, за фотелјата. Од денес, Панос Каменос и Независни Грци имаат само минато, малку сегашност и никаква иднина, напиша Кумуцакос на „Твитер“, јави дописничката на МИА од Атина.

Борисов го поздрави договорот

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вели дека договорот за спорот за името го отвора патот на Република Македонија кон ЕУ и НАТО.

„Бугарија секогаш го поддржувала нашиот сосед по овој пат. Најважно сега е граѓаните на сите земји на Балканот да сфатат дека овој договор не води кон територијални претензии или идни проблеми, напротив - ќе ни помогне да живееме заедно подобро“, пишува Борисов.

XS
SM
MD
LG