Достапни линкови

Македонската и грчката делегација пристигнаа во Отешево


Грчкиот премиер Алексис Ципрас го пречекува премиерот Зоран Заев во Псарадес

По потпишувањето на договорот за името во Псарадес, делегациите на Македонија и на Грција се упатија на заеднички ручек во Отешево на македонска страна од Преспанското Езеро.

Македонската делегација е предводена од премиерот Зоран Заев, а грчката од премиерот Алексис Ципрас. На заедничкиот ручек ќе присуствуваат и претставниците на Европската унија и Обединетите нации - Федерика Могерини, Јоханес Хан, Метју Нимиц и Розмари ди Карло.

По заедничкиот ручек, се очекува билатерална средба да остварат премиерите Заев и Ципрас.

XS
SM
MD
LG