Достапни линкови

Димитров: Утре е историски ден со кој се отвора иднината на Македонија


Министерот за надворешни работи Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави дека утре е историски ден за Македонија, со кој се отвора иднината и е еден голем чекор во насока на затворање на прашање, што е отворено колку што е стара независноста на земјата.

„Имаме сили што се борат за напред, за иднината, имаме сили што се борат за назад, за минатото. Минатото не можеме да го смениме, иднината можеме. Мислам дека тоа е многу голем чин, на некој начин бевме охрабрени од Договорот за пријателство со Бугарија. Ова е нашето последно отворено прашање и на некој начин завршува една фаза на прашалници, на предизвици. Многу ќе биде важно овој чин да ги отвори вратите и на ЕУ и на НАТО бидејќи меѓудругото, покрај пријателството со Грција, македонските основни мотиви се да се отворат вратите и конечно да излеземе од таа чекална, каде што сме заклучени премногу години“, рече Димитров.

Тој заедно со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева присуствуваше на отворањето на фестивалот „One love tour 2018“ во Градскиот парк во Скопје.

XS
SM
MD
LG