Достапни линкови

Захариева: Македонија ќе почне преговори со ЕУ по потпишување на договорот


Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева

Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева денеска за време на посетата на Скопје изрази увереност дека по потпишувањето на договорот за името, Македонија ќе може да отпочне преговори за членство во ЕУ, а потоа да добие и покана за влез во НАТО.

„Бугарија сака Македонија на крајот на месецот конечно да почне преговори за членство во ЕУ. Навистина повеќе нема време и ја сум уверена дека по потпишувањето на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција утре од страна на двајцата министри за надворешни работи, во присуство на двајцата премиери, со присуство на комесарот Хан и комесарот Могерини на 26 јуни на Советот на ЕУ, со кој претседавам јас, Македонија ќе добие зелено светло“, порача Захариева.

Според неа, за Бугарија е прифатливо името Република Северна Македонија. Захариева присуствуваше на отворањето на фестивалот „One love tour 2018“ во Градскиот парк во Скопје.

XS
SM
MD
LG