Достапни линкови

Европската народна партија повика на конструктивност за името


Логото на ЕУ пред Европскиот парламент

Европската народна партија (ЕПП) ги повика сите страни вклучени во процесот за името да покажат конструктивност.

„Го поздравуваме договорот постигнат помеѓу двете влади во Атина и Скопје, кој работи на изнаоѓање решение за долгогодишниот билатерален спор“, се наведува во соопштението.

Партијата изразува надеж дека процесот на имплементација ќе се одвива без пречки од двете страни со што ќе се отвори патот за влез на Македонија во НАТО и можност за почеток на преговори со ЕУ.

ЕПП беше единствена европска политичка партија која начелно не го поздрави договорот за името, со оглед на тоа дека опозициските партии од Македонија и Грција се нејзини членки и се против договорот.

XS
SM
MD
LG