Достапни линкови

Курц очекува голем чекор за Македонија кон ЕУ


Австрискиот канцелар Себастијан Курц во посета на Македонија во 2015 година

Австрискиот канцелар Себастијан Курц во интервју за виенски Стандард изјави дека очекува голем чекор за Македонија кон ЕУ по договорот со Грција за спорот за името.

„По договорот за името, се надевам и дека ќе следува голем чекор за Македонија“, наведува Курц.

Тој порача дека за време на претседавањето на Австрија со Европската унија очекува напредок во пристапните преговори на Србија и на Црна Гора. Според него, Западен Балкан и ширењето на ЕУ се меѓу приоритетите за шестмесечното претседавање што Австрија го презема на 1 јули.

XS
SM
MD
LG