Достапни линкови

Променливо облачно време со попладневен дожд и грмежи


Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди, додека попладне повторно ќе биде нестабилно облачно со локален дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа повторно ќе има услови за локална појава на невреме со засилен ветер и со појава на град. Минималната температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а максималната од 22 до 31 степен.

Во Скопје ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд и со грмежи, а не е исклучена и појава на ситен град. Температурата ќе достигне до 26 степени.

XS
SM
MD
LG