Достапни линкови

Захариева: Правиме се Македонија да започне преговори за членство во ЕУ


Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

Договорите меѓу Македонија и Бугарија и Македонија и Грција се многу важни и сметам дека новиот со Грција нема да се одрази на нашиот, рече министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева одговарајќи на прашање на МИА како потпишувањето на доворот меѓу Македонија и Грција ќе се одрази на веќе потпишаниот договор меѓу Македонија и Бугарија за добрососедство.

Захариева мисли дека новиот договор нема да се одрази на договорот што го имаат потпишано Македонија и Бугарија.

"Мислам дека и двата договори се многу важни и ние ја даваме целата поддршка и правиме се што е возможно на крајот на месецот, на самитот на Европскиот совет на 26 и потоа на 29 и 30 јуни, Македонија да започне преговори за членство во Европската унија. Тоа е нашата цел, рече Захариева.

Додаде дека по потпишувањето на договорот меѓу двете држави, пораснала трговијата и бизнисот, а зголемен е и бројот на туристи меѓу двете држави.

XS
SM
MD
LG