Достапни линкови

Русија отворена за дијалог за нејзино враќање во Г8


Русија не го покренува прашањето за враќање во групата Г8, но е отворена за дијалог по тоа прашање, изјави претседателката на Советот на Руската федерација Валентина Матвијенко.

Како што пренесе агенцијата ТАСС, Матвијенко рекла дека Русија ниту го отворила тоа прашање, ниту паставила некакви услови за тоа.

Американскиот претседател Доналд Трамп, за време на неодамнешниот Самит на Г7 во канада, рече дека Русија треба да се врати во групата и да учествува на нејзините состаноци.

XS
SM
MD
LG