Достапни линкови

Вучиќ: Пронајден исчезнатиот новинар Цветковиќ


Новинарот Стефан Цветковиќ

Српскиот новинар Стефан Цветковиќ, по кого полицијата трагаше како исчезнат, е пронајден и е во добра состојба, соопшти на прес-кофенренција српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесе Б92.

Полицијата почна да трага по Цветковиќ откако во полициска станица било пријавено дека неговиот автомобил е пронајде со отворени врати и со вклучени светла.

Цветковиќ и е познат на српската и косовската јавност по неговите истражувања за убиството на косовскиот политичар Оливер Ивановиќ. Неодамна Стефановиќ на прес-конференција покажа фотографии од лица за кои тој рече дека се можни учесници во убиството на политичарот и додаде дека убијците за делото добиле 40 илјади евра.

XS
SM
MD
LG