Достапни линкови

По грешка објавено видео од Ердоган како бара притисок врз гласачите


Реџеп Тајип Ердоган

На социјалните мрежи во Турција се споделува видео-снимка на која турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган инсистира на „пресинг" врз избирачите на прокурдската Демократска партија на народите (ДПН), објави турскиот весник „Хуриет дејли њуз".

Видеото било снимено на состанокот на 9-ти јуни со градоначалниците на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), кој бил затворен за јавноста, а снимката, според турскиот весник, го споделил градоначалникот на Истанбул на неговата Фејсбук страница. Видеото подоцна било избришано од профилот на градоначалникот, но голем број луѓе веќе го споделиле на мрежата.

„Не можам да зборувам за овие работи надвор. Ако ДПН падне под изборниот праг, тоа ќе значи дека ние сме на многу подобри позиции. Партиските кадри да извршат пресинг врз гласачите во секој регион. Вие знаете кој е кој. Ако нашите претставници по локалните места не знаат кој е кој, тогаш треба да поднесат оставка. Ќе го земете избирачкиот список за секое избирачко место и ќе вложите специјални напори“, вели Ердоган во видео-снимката.

XS
SM
MD
LG