Достапни линкови

Џозеф: Само Русија не се радува за договорот Македонија - Грција


Професорот и експерт за балканските прашања Едвард Џозеф

Напредокот на Балканот кон ЕУ и НАТО е соочен со тројна закана - руското влијание, внатрешните слабости на демократија на Западен Балкан и актуелната американска политика кон регионот, е заклучокот од конференцијата на Универзитетот „Џон Хопкинс" во Вашингтон, на која поранешниот американски заменик-помошник државен секретар Хојт Ји, бил награден за неговата улога на Балканот.

Како што објави „Гласот на Америка“, на конференцијата посветена на регионот, било истакнато дека „ако договорот меѓу Грција и Македонија во врска со името и формално се реализира, членството на Македонија во НАТО и ЕУ може да биде забрзано, а што не и оди во корист на Русија“.

„Таа вест сигурно не ја израдувала Русија. Таа е единствената држава која не е среќна поради договорот“, рекол професорот Едвард Џозеф на конференцијата.

XS
SM
MD
LG