Достапни линкови

Бошњаковски: Владата го декласифицираше договорот со Грција


Прес-конференција на портпаролот на Влада, Миле Бошњаковски.

Портпарол на Владата Миле Бошњаковски по затворената седница изјави дека Владата вечерва едногласно го разгледа и усвои извештајот за договорот за името.

Владата на седницата донесе одлука да се декласифицира договорот и тој веќе е закачен на веб страницата на Владата.

Со ова договорот, насловен како Конечен договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство, сега е достапен за јавноста.

Премиерот Зоран Заев нагласи дека тој лично силно верува во договорот бидејќи со јасен и признаен идентитет за посебноста на македонската нација конечно се затвора ова прашање за иднината на земјата, рече Бошњаковски и додае дека оваа Влада е горда на ова решение како историска одлука.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров ги информирал останатите за текот на процесот и за чекорите кои следат.

Како што рече Бошњаковски, конечен збор за договорот ќе дадат граѓаните на референдум.

Утре треба да има детаљи кога и каде ќе се потпише договорот со Грција за името.

XS
SM
MD
LG