Достапни линкови

Обвинителството на Њујорк ја тужи фондацијата на Трамп


Претседателот на САД Доналд Трамп опкружен со семејството.

Јавниот обвинител на државата Њујорк поднесе тужба пртив приватната добротворна фондација на американскиот претседател Доналд Трамп, поради "упорно незаконско однесување". Во тужбата со која се бара распуштање на фондацијата на Трамп, со седиште во Њујорк, се наведува дека фондацијата го прекршила државниот и федералниот закон со користење на некои од средствата за неговата претседателска кампања.

Трамп веднаш реагираше и на Твитер ја нарече тужбата "смешна"

Во меѓувреме беа покренати и други кривични истрага во врска со интеракциите меѓу соработниците на Трамп и руските официјални лица. Поранешниот менаџер на кампањата на Трамп и неговиот прв советник за национална безбедност се меѓу оние кои беа обвинети.

XS
SM
MD
LG