Достапни линкови

Димитров: Потпишувањето на договорот овие денови


Министерот за надворешни работи Никола Димитров

Потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција ќе се случи овие денови, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за Дочје веле, кое го пренесува МИА.

Тој интервјуто го даде по средбата во Берлин со неговиот германски колега Хајко Мас.

" Ќе следи овие денови, текстот треба да помине на Влада. Ќе видиме што се случува и во Атина и таму има политички турбуленции, дали ќе има нешто посебно во грчкиот Парламент или нема да има, може тоа да биде викендов, може тоа да биде веднаш и по викендот, рече Димитров, одговарајќи на прашањето колку е извесно договорот да биде потпишан викендов во Преспа на грчка територија.

На потпишувањето на договорот, како што рече, ќе има високи гости, рече Димитров, одговарајќи на прашањето дали на потпишувањето ќе присустуваат високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и генералниот секетар на ОН, Антонио Гутереш.

Димитров изрази задоволство од денешната средба со Мас и нагласи дека охрабрувачки ги примил неговите пораки.

Во врска со тоа дали добил конкретно ветување од Мас за некакви гаранции за датумот за преговори вели дека добил конкретни заложби што тој лично ќе прави.

XS
SM
MD
LG