Достапни линкови

Медведев предложи план за зголемување на возраста за пензионирање


Рускиот премиер Дмитриј Медведев

Рускиот премиер Дмитриј Медведев предложи план за постепено зголемување на возраста за пензионирање за мажи и жени.

Говорејќи на владиниот состанок, Медведев денеска рече дека според нацрт-планот, периодот на транзиција за процесот ќе биде "прилично долг". "Предлагаме релативно долг период на транзиција - со почеток во 2019 година, предлагаме постепено зголемување за да се стигне до пензионирање кај мажите од 65 до 2028 година и 63 за жени во 2034 година", рече Медведев.

Според Медведев, постепеното зголемување на старосната граница за пензионирање "ќе помогне во искористување на дополнителни средства за справување со инфлацијата и зголемување на пензиите".

Сегашната возраст за пензионирање кај мажите во Русија е 60 за мажи и 55 за жени.

XS
SM
MD
LG