Достапни линкови

ЕП со резолуција против руското признавање на Абхазија и Јужна Осетија


Фотографија од руско-грузиската војна во 2008 година

Европскиот парламент усвои резолуција со која се бара Русија да ја промени својата одлука за признавање на независноста на грузиските територии Абхазија и Јужна Осетија, објавија западните новински агенции.

Со резолуцијата, која доаѓа скоро 10 години по руско-грузиската војна и по руското признавање на двете територии и која беше поддржана од огромното мнозинство во Европскиот парламент, се повикува Русија "да ја прекине окупацијата на двата отцепени региони и целосно да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија, како и неповредливоста на нејзината меѓународна признати граници и да ја спречи де факто интеграцијата на двата региони во руската администрација“.

„Русија да престане да поставува огради од бодликава жица и други вештачки бариери на административната граница меѓу Грузија и двата региони“, побараа европарламентарците.

XS
SM
MD
LG