Достапни линкови

Од поранешните амбасади на СФРЈ исчезнале 140 вредни уметнички дела


Од амбасади, конзулати и резиденции на некогашната СФРЈ исчезнале повеќе од 140 вредни уметнички дела.

„Ќе бараме истрага. Инсистираме во таа акција да се вклучи и Интерпол“, изјавил Вељко Одаловиќ, српски претставник во Мешовитата комисија за сукцесија на имотот на СФРЈ.

Според српкиот весник „Новости“, најмногу дела недостасуваат во Рим, потоа во Хаг, Вашингтон, Стокхолм, Цирих, Мексико, Анкара Виена и Осло. До 2017 распоредени се вкупно 1 416 уметнички дела.

Србија, по национален клуч, со сукцесијата добила 791, Хрватска 325, Словенија 194, Македонија 59 и БиХ 47 уметнички дела.

XS
SM
MD
LG