Достапни линкови

Радев: Иванов треба да биде водач до стратешките приоритети - ЕУ и НАТО


Претседателите Радев и Иванов

Бугарија е многу загрижена од ескалацијата во Македонија во врска со договорот за новото име на државата, рече бугарскиот претседател Румен Радев на денешната прес-конференција во Софија, по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Радев го повика Иванов „да не биде само учесник, туку и водач во дијалогот меѓу институциите во Македонија“, бидејќи, како што истакна, тоа е важен услов за постигнување на стратешките приоритети - членство во ЕУ и НАТО.

„Бугарија го прифаќа договорот меѓу Македонија и Грција за името, особено заради тоа што ќе ги отстрани пречките на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО“, рече Радев.

Прашан како го коментира откажувањето на средбата Борисов - Иванов од страна на бугарскиот премиер, Радев рече дека „Бугарија треба да бара интензивни контакти и дијалог не само со Владата на Македонија туку со сите останати институции како со Претседателот, така и со Народното Собрание и со опозицијата и дека тоа е начинот навистина да имаме конструктивни, добрососедски и пријателски односи“.

XS
SM
MD
LG