Достапни линкови

Макрон и Конте на средба за помирување по кавгата за мигрантите


Бродот „Водолија“ околу кој почна дипломатскиот скандал меѓу Франција и Италија, а претходно и меѓу Италија и Шпанија

Канцеларијата на францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека во петок тој ќе се сретне со италијанскиот премиер Џузепе Конте во врска со ескалацијата на дипломатскиот судир на двете држави по прашањето за мигрантите.

Италија побара извинување откако францускиот претседател ја обвини новата италијанска влада за неодговорно однесување и за одбивање на влез на бродот за спасување „Водилија“ кој превезуваше 629 мигранти.

Макрон рече дека "не го дал коментарот со намера да ја навреди Италија и италијанскиот народ", се вели во соопштението од Канцеларијата на францускиот претседател.

Пред два дена и Шпанија ѝ забележа на Италија за одбивањето да ги прими мигрантите од бродот „Водолија“.

XS
SM
MD
LG