Достапни линкови

Руска пратеничка ги советува Русинките: Не за секс со странци на Мундијалот


Тамара Плетнјова

Руската пратеничка Тамара Плетнјова, која е и претседателка на Комитетот за семејство, жени и деца при Долниот дом на рускиот Парламент, во интервју за радиото „Зборува Москва“, ги посоветува Русинките: Не секс со странски мажи.

„Ако навистина Русинките имаат таква потребата, подобро да најдат партнер од истата раса“, вели Плетнјова.

Препораката на пратеничката доаѓа пред самиот почеток на Светското фудбалско првенство во фудбал кое денес почнува во Русија и за кое интересот на странските фудбалски фанови е огромен.

Во интервјуто Плетнјова предупредува на аголемениот број на самохрани мајки во Русија.

XS
SM
MD
LG