Достапни линкови

Мас: Македонија заслужи признание од цела ЕУ


Никола Димитров и Хајко Мас

Шефот на германската дипломатија, Хајко Мас, го поздрави постигнатиот договор со Грција за името и изрази надеж дека во иднина и одлуките кои ќе бидат во однос на НАТО и ЕУ ќе бидат јасен сигнал за граѓаните на Мaкедонија.

„Се надевам дека во вашата земја ова решение ќе биде добро примено од граѓаните. Ние ќе продолжиме и понатаму да го поддржуваме тој процес“, изјави Мас на заедничката прес-конференција во Берлин со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров.

Посочи дека ова прашање е одлучувачко за европските и за германските интереси.

„Во Македонија изминатите години има импресивен процес на реформи и кој, исто така, сега покажува резултати во самата земја и заслужува да добие признание од целата Европска унија. Затоа ве поддржуваме да покажувате решителност и понатаму и да ги остварите потребните реформи“, рече Мас.

XS
SM
MD
LG