Достапни линкови

Пахор: Договорот за името промовира безбедност во регионот


Архива: Борут Пахор.

Договорот за решавање на долгогодишниот спор меѓу Македонија и Грција може да претставува поттик и за другите земји од Балканот да ги решат нивните меѓусебни проблеми, изјави денеска словенечкиот претседател Борут Пахор.

Пахор смета дека договорот за новото име на Македонија претставува „важен сигнал кој би поттикнал решавање на билатералните и на мултилатералните прашања на Западниот Балкан“.

“Договорот ги промовира мирот, безбедноста и евроатланската перспектива на регионот“, оцени Пахор.

XS
SM
MD
LG