Достапни линкови

Столтенберг: Македонија ќе добие покана од НАТО по финализирање на договорот


Архива: Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

НАТО веќе има донесено одлука дека Македонија ќе добие покана за членство откако ќе го реши спорот за името со Грција и таа одлука е донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година, а сега откако договорот е постигнат поканата ќе пристигне кога ќе биде финализиран во двете земји, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за МИА.

„Ове е историски договор, кој е од огромна важност не само за двете земји туку и за цела европа и за НАТО. Вчера вечер разговарав со премиерот Заев, му честитав и му се заблагодарив за неговите напори, лидерство и храброст. Исто така, зборував и со Ципрас и го поздравив резултатот и исходот од овој многу тежок процес“, вели Столтенберг.

Тој додадав дека сега е важно договорот да биде финализиран во Скопје и во Атина.

„Договорот е доста сеопфатен, што се однесува на сите одлуки, ратификации кои следуваат. Се надевам дека тоа ќе биде имплементирано најбрзо што може, што пак ќе ни овозможи да започнеме со преговорите за членство“, вели Столтенберг.

XS
SM
MD
LG