Достапни линкови

Тереза Меј ќе бара посилни санкции за Русија


Тереза Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска во британскиот Парламент изјави дека на претстојниот Самит на ЕУ, кон крајот на месецов, ќе бара да се засилат санкциите против Русија.

„Ќе инсистирам да ги задржиме санкциите против Русија. Всушност, мислам дека постојат некои области во кои треба да го зајакнеме режимот на санкции“, изјави Меј пред британските лордови.

Британско-руските односи значително се влошија откако Лондон ја обвини Москва за труењето на двојниот шпион Сергеј Скрипал во Салзбери, што Кремљ веднаш го отфрли.

XS
SM
MD
LG