Достапни линкови

Виена, Берлин и Рим ќе прават оска против илегалната миграција


Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска најави формирање на т.н оска меѓу министрите за внатрешни работи на Австрија, Германија и Италија во борба против илегалната миграција.

Тој рече дека таа „оска“ е потребна бидејќи низ тие три држави поминува една од главните рути во Европа за мигрантите кои доаѓаат преку Средоземното Море.

„Се радувам на добрата соработка. Сметаме дека оваа оска е потребна за сите оние кои сакаат да се борат против нелегалната миграција“, изјави австрискиот канцелар.

XS
SM
MD
LG