Достапни линкови

Обраќање на Иванов за договорот за името денеска во 17 часот


Претседателот Ѓорге Иванов денеска во 17 часот ќе се обрати пред македонските граѓани во врска со договорот за името меѓу Македонија и Грција.

Иванов денеска имаше двеминутна средба со премиерот Зоран Заев и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, која, според владиното соопштение, претседателот на прекинал и ја напуштил.

Средба со Иванов, а во врска со договорот за името, побарал и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но како што кажа, се уште не добил одговор.

XS
SM
MD
LG