Достапни линкови

Германски кардиохирурзи ќе оперираат во Македонија


Министерот Венко Филипче е дел од владината делегација која договарала соработка со Универзитетската клиника Гете од Франкфурт

Со официјализирање на соработката со Универзитетската клиника Јохан Волфганг Гете од Франкфурт, на пациентите ќе им овозможиме неопходните кардиохируршки интервенции да ги добиваат на клиниката за кардиохирургија во Скопје. Процедурите ќе ги изведуваат нашите доктори заедно со кардиохирурзите од Универзитетската клиника во Франкфурт. На тој начин македонските специјалистите - кардиохирурзи ќе се дообучуваат и во Македонија ќе добиеме врвни експерти од оваа област.

Ова го истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната средба на македонската владина делегација со професори и доктори од Универзитетската медицинска клиника во Франкфурт, Германија.

На денешната средба била разгледана и можноста македонски доктори повремено да одат на краткорочни и долгорочни доедукации на клиниката во Франкфурт.

XS
SM
MD
LG