Достапни линкови

Подготвен нов закон за спречување перење пари и финансирање тероризам


Владата на вчерашната седница усвоила предлог-законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, кој е усогласување со одредбите на Директивата на ЕУ против перењето пари.

„Согласно оваа директива, меѓу другото, се прецизираат и усогласуваат одредбите кои се однесуваат на вистинските сопственици и се предвидува воспоставување на регистар на вистински сопственици во рамки на Централниот регистар“, информираше денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Со тоа се предвидува обврска за правните лица да поседуваат, чуваат и да ги впишат во регистарот на вистински сопственици податоците за нивните вистински сопственици, и се намалува износот на забраната за вршење на готовински плаќања од 15.000 евра на 2.000 евра.

XS
SM
MD
LG