Достапни линкови

САД, Канада и Мексико домаќини на Мундијалот 2026


Делегатите на ФИФА на денешниот Конгрес во Москва

ФИФА на денешниот Конгрес во Москва одлучи Светското фудбалско првенство во 2026 година заеднички да го организираат Канада, Мексико и САД.

На гласањето беа присутни 203 од вкупно 210 делегати со право на глас. Од нив 134 гласаа за трите земји, додека 65 за Мароко. За африканската држава ова е четврто губење на „домаќинството“ на СП, по поразот во финалното гласање.

Светското фудбалско првенство во 2026 година е првото на кое ќе учествуваат 48 земји, 16 повеќе од претстојното во Русија.

XS
SM
MD
LG