Достапни линкови

Мицкоски бара средба со Иванов и Заев и оставка од Димитров


Претседателот на опозицикста ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бара итна средба со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Зоран Заев за да ги разгледаат одредбите од вчерашниот договор меѓу премиерите на Македонија и Грција.

Барање за средба било испратено до Иванов, но, како што рече, се уште нема одговор од претседателскиот кабинет.

Мицкоски повтори дека „договорот за името е капитулација“ и побара министерот за надворешни работи Никола Димитров да поднесе неотповиклива оставка.

„Заев откако е премиер, Македонија губи од својот идентитет, од атрибутите што ја дефинираат како држава, го менува Уставот. ВМРО-ДПМНЕ нема тоа да го прифати, ниту поддржи“, реше Мицкоски.

На новинарско прашање дека со оглед на тоа дека договорот го поздравија сите клучни меѓународни фактори - дали ставот на ВМРО-ДПМНЕ е спротивен со претходно искажаните тврдења дека се залага за прием во ЕУ и НАТО, Мицкоски одговори дека „меѓународната заедница цело време охрабрувала да се постигне договор, но не навлегува во содржината на договорот“.

На прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ беа пуштени видео снимки, од кои, како што рекоа, „се гледа како Заев ветува дека нема да има промена на Уставот“.

XS
SM
MD
LG