Достапни линкови

Историски или проблематичен - Грчките медиуми за договорот за името


Илустрација

Договор што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас е главната тема во грчките медиуми кои се поделени во оценките - за дел од нив договорот е историски, а за другите проблематичен.

Како што јавува МИА од Атина, во вчерашните информативни и политички програми и во денешните утрински емисии на грчките телевизии, на порталите, во весниците, новинарите во Грција го анализираат договорот, што доби, а што загуби едната или другата страна, но и кои се придобивките од затворањето на спорот со името.

Коментарите се во зависност од ориентираноста на медиумот, дали е близок до владата или пак до опозицијата, јави МИА.

XS
SM
MD
LG