Достапни линкови

Дипломатски конфликт на Италија и Франција околу мигрантите


Бродот „Водолија“ со 629 мигранти во пристаништето во Катанија, Италија

Италијанските власти го повика денеска францускиот амбасадор во Рим на консултации откако Франција ја обвини новата италијанска влада за „неодговорно однесување со одбивањето да ги прими на своја територија мигрантите од бродот Водолија“, објави новинската агенција Асошиејтед прес.

Италија ја бранеше својата одлука да го одбие влезот на 629 мигранти од бродот „Водолија“, велејќи дека во ниеден момент не го напуштиле бродот, туку го придружувале се до Валенсија.

Италијанската влада, предводена од Движењето 5 ѕвезди, прифаќа мигранти, но бара и од другите земји „да го делат товарот“.

Шпанија го прими бродот откако Италија, а пред неа и Малта, „му откажаа гостопримство“.

XS
SM
MD
LG