Достапни линкови

Заврши средбата кај Иванов, претседателот подоцна со став за договорот за името


Средбата кај претседателот Ѓорге Иванов, на која премиерот Зоран Заев и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, информираа за постигнатиот договор за името заврши.

По кратката средба немаше изјава од претседателот или од неговиот Кабинет, од каде само најавија дека во текот на денот ќе излезат со став.

Договорот што вчера го постигнаа премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, според најавата на македонскиот премиер, утре ќе биде разгледан на владина седница и ќе биде презентиран пред сите релевантни политички субјекти.

XS
SM
MD
LG