Достапни линкови

Утре средба Лавров-Коѕијас во Москва


Министрите за надворешни работи на Грција и на Русија, Никос Коѕијас и Сергеј Лавров

Билатералната соработка, но и состојбата на Западниот Балкан, ќе бидат темите за кои ќе разговараат на министрите за надворешни работи на Русија и Грција, Сергеј Лавров и Никос Коѕијас на нивната утрешна средба во Москва, јави дописничката на МИА од Атина.

Според соопштението од грчкото Министерство за надворешни работи, Коѕијас, кој денеска ќе отпатува во посета на Москва, ќе се сретне и со рускиот патријарх Кирил, а ќе биде прогласен и за почесен доктор на државниот Универзитет за меѓународни односи.

XS
SM
MD
LG