Достапни линкови

Грчките медиуми ги објавија деталите од договорот за името


Грчките медиуми денеска објавија дека главните точки од договорот за името што треба да го потпишат Грција и Македонија се: Република Северна Македонија ерга омнес, со македонски јазик и идентитет.

Според информациите на грчкото радио „247“ и на новинари од неколку други влијателни грчки медиуми, деталите од договорт за името се:

- Се отстрануваат наводите во Уставот за „заштита на македонското малцинство“ вон границите и се спроведува соодветниот член што постои во грчкиот Устав за дијаспората.

- Се одредуваат преодни периоди за промена на внатрешните документи и овој сложен процес се поврзува со отворањето поглавјата во пристапните преговори.

- Се формира комисија која ќе ја разгледа употребата на трговските ознаки во двете земји

- Се признава македонски јазик (macedonian language) со забелешка дека Северна Македонија во рамките на договорот признава дека овој јазик е со словенско потекло (како што е заведено во рамките на ОН)

- Во однос на националноста важи терминот Macedonian/citizen of the Republic of North Macedonia со јасно споменување дека народот на оваа земја не е поврзан со античката грчка цивилизација.

XS
SM
MD
LG